Zafer Fatih Beyaz
01 Ноември 2022•Ажурирај: 02 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се вели дека Ердоган и Шолц разговарале за односите меѓу Туркије и Германија, како и за регионални теми.
Ердоган во разговорот истакна дека придава посебна важност на блискиот дијалог со Шолц во насока на зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји.
Турскиот претседател нагласи дека очекуваат Германија да се врати на неутралниот став во врска со турско-грчките односи.
Ердоган рече дека потребно е да се ревитализира дијалогот меѓу Туркије и Европската Унија (ЕУ), состаноците за ажурирање на Царинскиот сојуз, и пристапните преговори.
Исто така, двајцата лидери се осврнале и на последните случувања во врска со руско-украинската војна.