АНКАРА (АА)
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека вооружените групи во Сирија треба да се обединат во една армија, а само едно легитимно државно тело треба да има право да носи оружје и да користи сила, јавува Анадолу.
Зборувајќи дека постојат групи блиски до Туркије со над 80.000 вооружени лица, министерот Фидан Во интервју за саудискиот весник „Ашарк“, објавено денес рече дека на тие групи им кажале „приклучете се на националната армија, бидете дел од националната армија и не дозволувајте безредија во земјата.“
Нагласувајќи дека е важно во новата ера овие групи да се обединат под националната армија, Фидан истакна дека Туркије ја користи својата конструктивна улога на највисоко ниво.
„Се надевам дека тоа ќе се случи и со групите на југот, во Суеда и Дара“, додаде тој.
Според Фидан, резултати слични на оние во Сирија биле предизвикани од прекумерната интервенција на странските сили во регионот, при што одредени држави дејствувале единствено за заштита на интересите на другите народи, а не на сопствениот.
Министерот за надворешни работи на Туркије напомена дека во новиот период се обидуваат да создадат политика што ѝ ќе дава предност на стабилноста, извлекувајќи лекции од минатото и соработка со регионалните земји, како Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), Катар, Египет, Јордан и Ирак.
„Во спротивно, ако погледнеме на претходниот период, гледаме војна, поделба, нестабилност и милиони раселени лица. Ова не треба да биде судбина на регионот во кој живееме. Судбината на регионот каде што живеат муслимани, Арапи, Турци и Персијци мора да се смени. Верувам дека оваа промена, за среќа, веќе започна во целиот регион“, истакна Фидан.
Фидан нагласи дека новата администрација на Сирија е во потрага по координација не само со Туркије туку и со сите други земји.
„Анкара се фокусираше на тоа што може да се направи за обновата на Сирија заедно со Арапската лига, земјите од Заливот, Организацијата за исламска соработка (ОИС), ЕУ, САД и други регионални и глобални организации“, истакна тој.
Истакнувајќи дека САД укинале дел од санкциите за Сирија и изразувајќи надеж дека следните денови ЕУ ќе укине дел од нив, Фидан рече дека Туркије воспоставила механизам за координација во однос на тоа како веднаш да започне со помош во области како транспорт, енергетика и здравство.
„За Туркије е од витално значење да види стабилна Сирија со добро организиран економски развој“, изјави тој.
„Се надевам дека и напорите на Туркије и оние што ги вложуваме заедно со нашите меѓународни партнери ќе дадат резултати“, додаде Фидан.
Во врска со очекувањата од новата администрација во Сирија, Фидан рече: „Не смее да има никаква закана кон Туркије од сириска територија. Никогаш не смее да има место за тероризам, особено од страна на ДЕАШ и ПКК.
Малцинствата во земјата треба да бидат добро третирани, да се формира инклузивна влада, а територијалниот интегритет и политичкиот суверенитет на земјата да бидат целосно обезбедени.
Ние, меѓународната заедница и земјите од регионот се согласивме за овие услови и овие барања ѝ ги пренесовме на сириската Влада.
Говориме за исти работи, без оглед кој од нас ќе оди таму. Ова е она што го очекуваме од Сирија. Всушност, ова е она што го очекувавме и од претходниот режим.“
Фидан додаде дека ниту една земја, вклучително и Туркије, нема конкретни барања од новата администрација, но дека се очекуваат администрација и однесување што ќе ја обезбедат благосостојбата на сирискиот народ и ќе придонесат за стабилноста и безбедноста на земјите во регионот.
Фидан рече дека координацијата меѓу Саудиска Арабија и Туркије во контекст на Сирија достигнала највисоко ниво со средбите одржани во Акаба, Каиро и Ријад.
Саудиска Арабија и Туркије немаат разлики во мислењата за очекувањата од новата администрација во Сирија, како и за клучните прашања и потребните чекори што треба да се преземат.
Фидан нагласи дека соработката меѓу Ријад и Анкара е од суштинско значење, особено во контекст на кризата во Газа, каде што двете земји покажаа исклучителна координација и соработка во рамките на Контактната група за Газа и пошироко.
Фидан, исто така, истакна дека во идниот период ќе продолжат да соработуваат со администрацијата на Трамп на највисоко ниво.
Фидан рече дека меѓу Вашингтон и Анкара има разлики во мислењата.
„Имаме проблематични прашања со САД. Американската политика во Сирија е прво меѓу нив.“
Наведувајќи дека САД го започнале тоа во времето на поранешниот американски претседател Барак Обама, Фидан рече дека САД користеле една терористичка организација (ПКК/ЈПГ) за борба против друга терористичка организација (ДЕАШ) и да ги чува затворените терористи на ДЕАШ в затвор.
Тој изјави дека оваа политика предизвикала многу геополитички кризи, додавајќи: „Ѝ кажавме на Америка дека тоа е погрешно, може да го направиме тоа на друг начин. Ова претставува огромна закана за националната безбедност на Туркије и вие го знаете тоа.“
Истакнувајќи дека терористичката организација ПКК, исто така, е признаена како терористичка организација од САД и дека долги години се доделува награда од 5 милиони долари за да се пронајдат терористичките лидери на ПКК, министерот Фидан рече:
„Иако постои таква реалност, не е многу добар знак тоа дека во Сирија соработувате со огранокот на ПКК. Обама рече дека тоа е привремено. Потоа дојде Трамп. Трамп неколку пати сакаше да го укине многу искрено, но некои елементи во американската администрација во тоа време се спротивставија на тоа.“
Шефот на турската дипломатија изрази надеж дека Турција и САД во времето што следи ќе постигнат највисоко ниво на разбирање за Сирија, за борбата против тероризмот и безбедноста на земјите од регионот.
Укажувајќи на потенцијалните промени во американската администрација во времето на Трамп, Фидан, исто така, подвлече дека турскиот претседател Ердоган и Трамп имаат силна комуникација, која служи како „краток пат“ за дипломатија за подобрување на односите.
Укажувајќи на потенцијалните промени во американската администрација за време на Трамп, Фидан посочи дека турскиот претседател Ердоган и претседателот Трамп имаат силна комуникација која служи како „краток пат“ во дипломатија за подобрување на односите.
Долго време Туркије ја критикуваше американската поддршка на терористичката организација ПКК/ЈПГ под изговор дека се бори против ДЕАШ, велејќи дека нема смисла користењето на една терористичка организација за борба против друга.
Терористичката организација ПКК/ЈПГ се обиде да ја искористи неизвесноста по падот на режимот на Асад за да ги зголеми напорите за воспоставување „терористички коридор“ по должината на границата со Туркије.
Во врска со политиката и активностите на Израел кон Сирија, Фидан рече: „Постои несовпаѓање меѓу оправдувањата на политиката на Израел кога Иран и иранските милиции беа во Сирија и оправдувањата на сегашната политика. Претходната политика имаше основа, но сега ја нема таа основа.“
„И покрај тоа што новата администрација (во Сирија) вели 'ние нема да бидеме закана за никого', започнувањето копнена инвазија од Израел во Сирија, напредувањето до одредени точки, доведувањето воени елементи овде и отворањето бази, се разбира, се смета за провокација.“
Фидан истакна дека пристапот на Израел е воено и политички опасен, нагласувајќи дека земјите од регионот, особено Туркије, Саудиска Арабија, Египет, Јордан и Ирак, се противат и ќе продолжат да се спротивставуваат на тоа.
Наведувајќи дека новата администрација во Сирија ги повикала терористите на ПКК/ЈПГ да го остават оружјето, исто како и другите вооружени групи, Фидан рече: „Наше очекување е дека сите етнички груп: Курдите, Турците, Јазидите, христијаните, Арапите, сунитите, шиитите и aлавитите го заземаат своето место во сириското општество како рамноправни граѓани.“
„Тоа е она што оваа нова администрација сака да го направи. Додека се случува ова, не е прифатливо ЈПГ да каже дека нема да се откаже од оружјето. Во моментов ова е проблем за Сирија.“
За Ферхат Абди Шахин, со кодно име Мазлум Абди, кој е водач на терористичката организација ПКК/ЈПГ во Сирија, министерот Фидан рече дека споменатиот терорист е директор на подорган на терористичката група ПКК и дека над него има повеќе високи членови во рамките на терористичката организација.
„Не е возможно Ферхат Абди Шахин да донесе каква било одлука или да преземе каков било чекор без нивна дозвола. Затоа неприфатливо е терористичка организација да дејствува во Сирија на овој начин во новата ера“, додаде тој.
„Оваа терористичка организација беше 'вработена од САД за да ги чува' затворениците на ДЕАШ“, рече Фидан.
Потенцирајќи ја потребата од баланс која ќе ги држи затворениците на ДЕАШ в затвори, ќе ги заштити правата на Курдите и ќе обезбеди ЈПГ да се откаже од своите терористички активности, министерот Фидан истакна:
„Пред сè, ЈПГ ќе го остави оружјето и новата администрација во Дамаск веднаш ќе го преземе управувањето со затворите и логорите, доколку е потребно, ние како Туркије сме подготвени да дадеме поддршка во овој поглед.
Приоритет на Америка е затворениците на ДЕАШ да не бидат ослободени. Тоа треба да се осигура. Освен тоа, вооружените групи треба да се разоружаат, но и другите етнички групи таму треба да ги искористат своите културни права. Формулата за ова е многу едноставна.“
Во врска со можноста за враќање на сириските бегалци што се во Туркије, Фидан рече:
„Нашите браќа и сестри од Сирија ни се гости, не им кажуваме да си одат. Тоа не е ниту во нашата култура ниту во нашата државна политика. Но ние работиме на создавање услови во Сирија што ќе овозможат нивно враќање. Новата Влада во Сирија и меѓународната заедница, исто така, работат на ова.“
Нагласувајќи дека има над 10 милиони раселени Сиријци не само во Туркије туку и во многу други места, тој изјави дека овие луѓе треба да се вратат во својата земја за да се ревитализира економскиот, социјалниот и културниот живот на Сирија.
Фидан рече дека како што ќе се подобруваат условите во Сирија со текот на времето, ќе се зголемува репатријацијата која моментално почнува малку по малку, додавајќи дека има многу индиции за тоа.
Во врска со состојбата на односите меѓу Туркије и Иран по падот на режимот на Асад, Фидан рече дека треба позитивно да се влијае на билатералните односи, истакнувајќи дека сега исчезнале спротивставените ставови на Иран и Туркије во Сирија.
Истакнувајќи дека Иран повеќе не е во Сирија, министерот за надворешни работи изјави: „Затоа, тој не е дел од средина што создава негативност за Туркије. Затоа Сирија повеќе не е спорна област меѓу нас.“
„Во секој однос, кога ќе го намалите бројот на спорни прашања, позитивноста се зголемува повеќе. Мислам дека ова е можност да се подигнат односите меѓу двете земји уште повеќе.
Мислам дека тоа, исто така, е можност за Иран да ги ресетира и репрограмира своите соседски односи и неговата надворешна политика во регионот. И искрено мислам дека иранските лидери сакаат да ја искористат оваа нова можност.“
Фидан рече дека пред неколку дена рускиот колега Сергеј Лавров во телефонски разговор му рекол дека Русија сака да започне еднаков и почитуван однос со Сирија во иднина.
„Ова ја покажува флексибилноста на Русија во одредени надворешнополитички преференции и нејзината способност да прави стратегиски потези“, истакна тој, додавајќи дека Москва, исто така, очекува позитивен придонес на Анкара во овој момент.
Во врска со прекинот на огнот помеѓу Израел и палестинската група Хамас, министерот за надворешни работи истакна дека прекинот на огнот требало да се случи одамна.
Велејќи дека прекинот на огнот е само прва фаза од крајот на палестинската драма, Фидан рече дека решението за две држави мора да се реализира колку што е можно поскоро за да не се повтори оваа војна.
„Во регион каде што нема решение за две држави, каде што на Палестинците не им се даваат чесна држава, суверенитет и право на живот, мислам дека е нормално да се предвидува дека таквите кризи ќе се повторуваат во одредени интервали“, додаде тој.
Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила на 19 јануари, со што е запрена геноцидната војна на Израел во која се убиени повеќе од 47.300 Палестинци, главно жени и деца, а беа повредени повеќе од 111.400 од 7 октомври 2023 година.
Во договорот за прекин на огнот во три фази се предвидени размена на затвореници и одржлива смиреност, со цел трајно примирје и повлекување на израелските сили од Газа.
news_share_descriptionsubscription_contact
