Rahmi Gündüz
20 Јули 2017•Ажурирај: 22 Јули 2017
ПАРИЗ (АА) - Министерката за економија на Франција, Бруно ле Мари, рече дека е Британија треба да си ги плати своите долгови кон Европската Унија и истакна: „Оваа тема не е дел од преговорите за излез на Британија од членството. Ние си ги бараме парите назад“, јавува Anadolu Agency (AA).
Ле Мари зборуваше пред Комитетот за економија и финансиски работи во француското Собрание, одговарајќи во врска со периодот за излез на Британија од членството на ЕУ (Брегзит).
Таа изјави: „Потребно е Британија да ги плати своите долгови кон ЕУ. Оваа тема не е дел од преговорите за излез на Британија од членството. Ние си ги бараме парите назад“.
Министерката Ле Мари информираше дека долговите што произлегле во врска со излезот на Британија од членството во ЕУ можат да ја достигнат вредноста од околу 100 милиони евра.