Muhammet Tarhan
16 Март 2022•Ажурирај: 17 Март 2022
МОСКВА/АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција прави сѐ што е можно за намалување на тензиите во Украина и отворањето простор за дипломатија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Оваа состојба треба да се запре, крвопролевањето и солзите мора да престанат. Секогаш нагласуваме, војните немаат победници, а мирот нема губитник“, порача Чавушоглу на заедничката прес-конференција одржана по неговата средба со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во Москва.
Истакнувајќи дека Турција зазема јасен став од почетокот на војната и кризата во Украина, Чавушоглу истакна дека искрено ја споделиле својата загриженост и критиките.
„Го дадовме нашиот придонес за да се намалат тензиите и да се отвори простор за дипломатија, при што во секоја пригода нагласувавме дека тоа е неопходно“, рече Чавушоглу.
Нагласувајќи дека од самиот почеток Турција вложува напори за постигнување хуманитарен и траен прекин на огнот и продолжува да вложува, Чавушоглу рече дека од 24 февруари уништувањата и хуманитарната трагедија продолжуваат да се зголемуваат, илјадници цивили ги загубија животите, а речиси 3 милиони луѓе ја напуштија Украина.
„Оваа состојба треба да се запре, крвопролевањето и солзите мора да престанат. Секогаш нагласуваме, војните немаат победници, а мирот нема губитник“, рече Чавушоглу.
Тој додаде дека ги споделил своите размислувања со двете страни прво за хуманитарен прекин на огнот, а потоа за траен прекин на огнот.
„Нашата цел е да научиме од овие искуства и повторно заедно да работиме за стабилноста и мирот во регионот. Во овој процес ќе продолжиме со нашите напори кои даваат приоритет на дипломатијата. Во овој процес, ако Русија и Украина немаа доверба во нас, овие напори немаше да можеме да ги спроведеме.“