Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
02 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ќе се состане со министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО преку телеконференција за прв пат во историјата на Алијансата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО ќе се одржи денес преку телеконференција за прв пат во историјата на Алијансата, поради пандемијата на Ковид-19“, се вели во соопштението на Министерството.
Министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ќе присуствува на состанокот, на кој главна тема ќе биде соработката и солидарноста во однос на пандемијата на Ковид-19.
За време на состанокот на министрите за надворешни работи ќе се дискутира за актуелните прашања на агендата на НАТО, како што се ситуацијата во Авганистан и Ирак, како и зајакнувањето на политичката улога на Алијансата.
Со денешниот состанок ќе претседава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Податоците на Универзитетот со седиште во Мериленд покажаа дека во светот се заразени речиси 937.600 лица, а повеќе од 47.000 лица починале. Над 194.000 лица се излекувале.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, вирусот познат како Ковид-19 се прошири во најмалку 180 земји и региони.