Mustafa Deveci
18 Март 2023•Ажурирај: 18 Март 2023
Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, реализира официјална посета на Египет, на покана од неговиот египетски колега Самих Шукри, јавува Анадолу.
Чавушоглу слета на аеродромот во Каиро, каде што беше пречекан од заменик-министерот за надворешни работи на Египет, Ихаб Наср, вршителот на должноста амбасадор на Туркије во Каиро, Салих Мутлу Шен, и други функционери.
Чавушоглу во рамките на посетата се состана со Шукри, а потоа двајцата министри преминаа на меѓуделегациска средба.
По средбите, Чавушоглу и Шукри ќе одржат заедничка прес-конференција.
Чавушоглу стана прв турски министер за надворешни работи на Туркије што го посетува Египет по 11 години.
По земјотресот во Туркије на почетокот на февруари, министерот Шукри ја посети Туркије на 27 февруари за да изрази солидарност и сочувство и се сретна со Чавушоглу.
Египет прати и хуманитарна помош во Туркије за жртвите од земјотресот.