Enes Canlı
11 Октомври 2019•Ажурирај: 12 Октомври 2019
АНКАРА (АА) – Во иницијативите за дезинформации за операцијата „Извор на мирот“, приврзаниците на терористичката организација на социјалните медиуми ги споделуваат фотографиите направени на други места со тагирање на американскиот претседател, Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со напредувањето на операцијата „Извор на мирот“ се зголемија и обидите за манипулација на приврзаниците на терористичките организации на социјалните медиуми.
За да се создадат дезинформации, фотографиите од други настани манипулаторите ги споделуваат на социјалните медиуми како да се направени за време на операцијата „Извор на мирот“. Манипулаторите исто така со тагирање на профилот на американскиот претседател Трамп се обидуваат да создадат погрешна перцепција.
- Манипулаторите споделуваат стари фотографии и видеа -
Профил на приврзаниците на терористичката организација на социјалните медиуми сподели црно-бела фотографија на маж и дете, кои стојат до гроб од 1980 година. Манипулаторите на фотографијата го тагираа и профилот на американскиот претседател Трамп.
Исто така, фотографија од сириската граѓанска војна од декември 2013 година, на којашто мајка со своите деца бега од воздушните напади на режимот на Асад, е означена со профилот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Приврзаниците на терористичката организација на социјалните медиуми, исто така, споделија фотографија од јуни 2016 година, на која се гледа како маж шета со дете во остатоците на градот Алепо. На фотографијата, означувајќи го Трамп напишаа: „Ете ова ти го направи. Со нетрпение го очекувам денот кога со лисици ќе те извадат од Белата куќа“. Американскиот претседател Трамп стана претседател во ноември 2016 година.
Манипулаторски профил на социјалните медиуми сподели видеоинсерти со мртви тела снимени за време на експлозијата во април 2017 години во црква во градот Александрија, во Египет. Со овие инсерти исто така беше тагиран Трамп. Приврзаниците на терористичката организација се обидоа да прикажат дека инсертите се снимени за време на операцијата „Извор на мирот“.
Преку социјалните медиуми, со означување на официјалниот профил на Трамп, споделена беше и фотографија за време на сириската граѓанска војна во 2014 година, на која се гледа како човек цел во прашина ги носи своите деца во бомбардирана улица во Алепо. Фотографијата е споделена со реченицата: „Трамп ги изневери Курдите“.
Исто така, приврзаниците на терористичката организација, тагирајќи ги Трамп и американскиот државен секретар, Мајк Помпео, споделија фотографија на загинато бебе за време на сириската граѓанска војна. Со оваа фотографија приврзаниците на терористите се обидоа да дезинформираат.
Приврзаниците на терористичката организација и за време на операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ за манипулации и дезинформации користеа фотографии од војните и масакрите од целиот свет. Anadolu Agency (AA) и тогаш ги откри манипулаторите.