Ekipa
25 Декември 2019•Ажурирај: 26 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Стотици судански платеници се приклучиле кон силите на водачот на пучот во Либија, Калифа Хафтар, кој војува против либиската Влада за национално единство, која е признаена како единствен легитимен претставник на Либија од Обединетите нации (ОН) и меѓународната заедница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според британскиот весник „Гардијан“, во Либија пристигнале нов бран платеници од Судан, што може да ја разниша стабилноста на регионот и да доведе до судири од пошироки размери.
Во веста, исто така, се вели дека командантите на суданската милиција во Либија истакнале дека во последните месеци стотици луѓе дошле во земјата за да се приклучат во борбите.
Еден од командантите на силите распоредени на југот на Либија истакна: „Многу млади доаѓаат, ние немаме капацитет да прифатиме толку голем број луѓе. Има најмалку 3 илјади судански борци во Либија.“
Се наведува дека голем број од тие платеници во Судан се бореле против режимот на соборениот лидер Омер ал-Башир, а еден дел пак, учествувале во војната во Дарфур.
Хафтар обезбедува дел од човечките ресурси со финансиите обезбедени од сојузниците.
Меѓу платениците се наоѓаат и припадниците на Суданската армија за независност и милицијата „Џанџавид“ на Судан.