Dilara Hamit
25 Декември 2019•Ажурирај: 25 Декември 2019
ВАТИКАН (АА) - Католиците низ светот го одбележуваат Божиќ, а полноќната миса во Ватикан ја предводеше поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, јавува Агенција Анадолија (АА).
Папата ја предводеше мисата во базиликата Св.Петар, а на традиционалниот обред присуствуваа илјадници католици од целиот свет, како и претставници на дипломатските мисии.
Денес напладне папата Франциско ќе има обраќање на Плоштадот Св. Петар во традиционалниот говор „Urbi et orbi“ („до Градот [Рим] и до светот“).
Полноќната миса го одбележува доаѓањето на Божиќ. Христијаните кои Божиќ го одбележуваат според грегоријанскиот календар, денес во утринските часови присуствуваат на божиќните миси.