Oktaj Omeragikj
12 Септември 2025•Ажурирај: 13 Септември 2025
ДЕИР АЛ-БАЛАХ (АА) - Кризата со храна и лекови, која произлегува од 23-месечните напади на Израел врз Појасот Газа и неговата строга блокада на градот, продолжува да им се заканува на животите на Палестинците, известува Анадолу.
Двегодишниот Имад Мусаб Абу Фрих е примен во Болницата на загинатите херои на Ал-Акса во Деир ал-Балах поради тешка неисхранетост. Малиот Абу Фрих изгубил повеќе од половина од телесната тежина.
Состојбата на ова дете отсликува десетици деца што се соочуваат со критични здравствени проблеми поради кризата со храна. Лекарите нагласуваат дека гладот и неисхранетоста владеат меѓу децата во Газа.