Rania R.a. Abushamala
31 Јули 2026•Ажурирано: 31 Јули 2026
Иранската армија соопшти дека извршила напад со беспилотни летала врз „стратегиски“ американски објекти во воздухопловната база Ахмед aл-Жабер во Кувајт, јавува Анадолу.
Армијата во соопштението наведува дека „хангарите за борбени авиони, сателитските комуникациски системи и магацините за опрема“ во базата биле цел на експлозивни беспилотни летала.
Армијата ја опиша воздухопловната база Ахмед aл-Жабер како „клучен центар“ за американските воздушни и извиднички операции, како и за логистичка поддршка.
Засега нема официјален коментар од Кувајт или од САД во врска со наводите на Иран.