Moustafa Maged Haboosh,Zeynep Hilal Karyağdı
01 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
ЏЕДА (AA) – Организацијата за Исламска Соработка (OIC) објави извештај за исламофобија во светот во кој се наведува дека таа појава е во пад во однос на претходниот период, но дека и понатаму е сериозен проблем за муслиманите, јавува Anadolu Agency (AA).
Опсерваторија за исламофобија, која делува во рамките на Генералниот секретаријат на „OIC", објави извештај за исламофобија за период од јули минатата година до април оваа година.
Истакнувајќи дека исламофобијата на Западот, во Азија и Австралија во тој период забележа пад во однос на претходната година, во извештајот се наведува дека „OIC" до тој заклучок дојде на база на информации кои ги собраа неговите претставништва во Њујорк, Брисел, Женева и претставништвото во рамките на УНЕСКО во Париз.
Муслиманите во светот и понатаму се соочени со сериозни проблеми кои се последица на исламофобијата, а највеќе се на удар муслиманите во земјите на Западот, Кина, Мјанмар и Австралија.
Во извештајот се наведува дека во изминатите 10 месеци во Европа, САД, Индија и Јужна Кореја се забележани 40 директни напади на муслиманските заедници, нападната е 21 џамија, спроведени се четири антиисламски кампањи, нападнати се три истакнати мислители, пет покриени жени и регистрирани се најмалку седум случаи на понижување на муслиманските заедници.
Нагласувајќи дека станува збор исклучиво за случаевите кои медиумски се проследени, од „OIC", предупредуваат дека реалната бројка на напади врз муслиманите и нивните заедници е значително поголем.
Извештајот ќе биде разгледуван на 45. Министерски совет на Организацијата за Исламска Соработка кој ќе се одржи на 5. мај во Дакар.
Претходниот извештај на „OIC" за исламофобија во светот е објавен во јули минатата година и во него е предупредено на загрижувачкиот тренд на ширење на тој проблем.