Ekipa
27 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Би било погрешно доколку тековниот конфликт во Мјанмар во врска со Рохинџа муслиманите се анализира од аспект дека е настанат единствено поради религиозните разлики, се вели во денешната анализа направена од страна на аналитичарите во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Мехмет Озтурк, кој е главен и одговорен уредник на редакцијата за светски јазици на Агенција Анадолија, вели дека е од витално значење да се разбере етничко-религиозната димензија и историскиот контекст на конфликтот.
Од 25 август, повеќе од 436.000 Рохинџа мусломани пребегаа од Аракан во Бангладеш, се вели од ОН.
Араканските муслимани бегаат од новите операции во коишто безбедносните сили и будистичките банди убиваат мажи, жени и деца, ги ограбуваат домовите и ги запалија нивните села. Според Бангладеш, во операцијата се убиени околу 3.000 Рохинџа муслимани.
Во интервјуто, Озтурк изјави: „Погрешно е да се смета дека прашањето во врска со конфликтот во Мјанмар е од религиозен карактер. Бидејќи не постои масакр целосно воден од религиозни мотиви“.
Тој нагласи дека некои религиозни групи биле користени како алатка во конфликтот.
Осврнувајќи се на националистичкиот будистички монах Ашин Вирату, кој е лидер на антимуслиманското движење во Мјанмар, тој изјави дека монахот не ги претставува сите будисти, исто како што основачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, и лидерот на ДЕАШ, Абу Бакр ал-Багдади не ги претставуваат сите муслимани.
„Во срцето на ова прашање е како треба да се справиме со екстремистите – во случајот на Мјанмар, будистите“, рече тој.
Рохинџа муслиманите, кои според ОН се најпрогонуваното етничко малцинство во светот, стравуваат од напади, откако беа убиени десетици лица во насилствата во 2012 година.
Минатиот октомври, како резултат на нападите на пограничните пунктови во Аракан, безбедносните сили започнаа петмесечни операции во коишто беа убиени околу 400 Рохинџа муслимани.
ОН документираа масовни силувања, убиства – вклучувајќи и убиства на бебињата и мали деца – брутално претепување и случаи на исчезнати лица, злосторства извршени од страна на безбедносните сили. Во извештајот, истражувачите на ОН рекоа дека таквите насилства претставуваат злосторства против човештвото.
Портпаролот на Европскиот совет за Рохинџа, Анита Шуг, ги опиша злосторствата како „бавногоречки геноцид“.
Озтурк изјави дека историското непријателство на конфликтот во денешен Мјанмар датира од 1784 година, кога тогашниот бурмански крал Бодопаја изврши инвазија на Аракан и ги принуди Рохинџа муслиманите да побегнат во регионот на Бенгал.
„Тие не се сметаа за Бурманци, туку за бенгалски бегалци. Оттогаш немаат државјанство (во Мјанмар) и немаат пристап до образование ниту можат да патуваат“, изјави тој.
„Соседните и муслиманските земји треба да продолжат да вршат дипломатски притисок врз властите на Мјанмар, за да ги спречат злосторствата над муслиманите“.
„Од друга страна“, вели тој, „проблемот во Мјанмар треба да биде решен во земјата“, и додаде дека Рохинџа муслиманите кои бараат засолниште треба да се вратат во своите домови откако ќе се реши проблемот.
Озтурк повика на мултидимензионална соработка, вклучувајќи ги ОН и меѓународната заедница, кои треба да сторат повеќе за да се реши конфликтот.
Турција беше во првите редови во обезбедувањето помош за Рохинџа муслиманите, со тоа што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше меѓу првите и најистакнатите лидери кои го нагласија прогонувањето на невините цивили од Мјанмар на неколку платформи, вклучително и неодамнешната во ОН.