İdris Okuducu
27 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
ЕРБИЛ (АА) - Генералниот конзулат на Република Турција во Ербил соопшти дека од петок од Турција ќе бидат сопрени летовите кон градовите Ербил и Сулејманија во Ирак, а и од тие градови кон Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Генералната дирекција на цивилното воздухопловство во Ирак соопшти дека во петок, 29 септември, од 18:00 часот по локално време ќе бидат сопрени летовите кон аеродромите во Ербил и Сулејманија, а и од тие аеродроми до Турција“, се наведува на профилот на Твитер на Генералниот конзулат на Турција.
Понатаму се наведува дека од петок нема да биде можно да се реализираат летовите во двете насоки со авиокомпаниите „Turkish Airlines“, „AtlasGlobal“ и „Pegasus“.
„Се истакнува дека по споменатиот датум нема да биде можно да се реализираат летовите од нашата земја кон Ербил и Сулејманија кои ги изведуваат авиокомпаниите „Turkish Airlines“, „AtlasGlobal“ и „Pegasus“, се вели во пораката.
Од друга страна, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Ирак побара од странските компании од петок да ги запрат летовите во Регионална курдска управа во северен Ирак.
Апелот следуваше откако Регионалната курдска управа на северот од Ирак во понеделник одржа нелегитимен референдум за независност. Официјалните ирачки институции забранија одржување на нелегитимниот референдум, а остро му се спротиставија и Турција, САД и остатокот од меѓународната заедница, со исклучок на Израел.
Раководството на либанскиот авиопревозник „Middle East Airlines“ (Мидл Ист Ерлајнс) прво реагираше и соопшти дека од петок ги суспендира сите летови кон северот на Ирак.