Ali Semerci
25 Декември 2020•Ажурирај: 26 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Организацијата „Муслиманско братство“ (Ихван) во Египет соопшти дека ги одбива сите иницијативи за нормализирање со Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ја одбиваме секоја иницијатива и секој пат за нормализирање со Израел, било како и да се нарекува тоа. Овој став нема да се промени без оглед кој да го направи тоа или кој ќе биде вклучен во тоа“, се вели во писменото соопштение на Ихван.
Во ова соопштание се вели дека овие иницијативи ја овозможуваат легализацијата на Израел и одземање на правата на Палестинците.
Според соопштението, Ихван веќе десетици години го изразува овој став, додека се наведува дека истото повторно го изразуваат отворено.
Во соопштението се истакнува дека Ихван го одржува својот став кон поддржување на праведната палестинска кауза, формирање на независна држава со главен град Ерусалим (Кудс) и поддржување на ослободувањето на териториите.