Yusuf Hatip
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, истакна дека НАТО и САД работат на решавањето на легитимната безбедносна загриженост на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Матис на прес-конференцијата одржана по Самитот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, истакна дека на турската граница со Сирија постои хаос, и дека НАТО и САД работат за решавање на легитимната безбедносна загриженост на Турција.
Матис нагласи дека каналите за комуникација со Турција се отворени.
„Мислам дека најдовме заедничка основа, но постојат одредени точки за кои не се согласуваме“, додаде тој.