Dilara Karataş
20 Јуни 2024•Ажурирај: 01 Јули 2024
КУАЛА ЛУМПУР (АА)
Малезискиот премиер Анвар Ибрахим изјави дека не се плашат од економската и воената доминација на Кина и дека кинеската Влада ја гледаат како „вистински пријател“, јавува Анадолу.
Ибрахим во главниот град Куала Лумпур беше домаќин на кинескиот премиер Ли Кианг, кој ја посети Малезија по повод 50-годишнината од дипломатските односи меѓу двете држави.
Тој нагласи дека во Малезија „не се плашат од доминацијата на Кина“ на економски, воен и технолошки план.
„Не се плашиме. Малезија има неутрален став. Го гледаме и премиерот Кианг како пријател кој соработува со нас“, нагласи малезискиот премиер.
Кианг ги повика компаниите во двете држави да ја прошират соработката во области како што се дигиталната економија и вештачката интелигенција, опишувајќи ги односите со Малезија како „успешни и ветувачки“.