Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
23 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
ИДЛИБ (АА) - Асадовиот режим во Сирија со артилериски напади ги запали култивираните ниви во руралните подрачја на Идлиб и на Хама, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од локални извори, трупите при Асадовиот режим позиционирани во северниот дел на Хама, ги палат нивите во јужниот дел на Идлиб и во северниот дел на Хама.
Асадовиот режим, преку овој метод на напаѓање, познат како метод на изгладнување, има за цел земјоделците да не можат да добијат култури, а со тоа, илјадници цивили да останат гладни.
Откако земјоделците во регионот не го дадоа побараниот рекет од страна на силите на режимот, започнаа артилериските напади врз нивите.
Тимовите на Цивилната одбрана, како и локалните жители, се обидуваат да го гасат пожарот, предизвикан од овие напади.
Се соопштува дека за време на акцијата за гасење на пожарот животот го загубија две жени.