Ekipa
02 Септември 2017•Ажурирај: 02 Септември 2017
КРОЗБИ (АА) - Илјадници лица кои беа евакуирани во текот на ураганот Харви се враќаат да ги видат своите уништени домови, една недела откако ураганот ја погоди сојузната американска држава Тексас, јавува Anadolu Agency (AA).
Очите на Силвија Касас се полни со солзи додека го гледа своето место во близина на Крозби, во Тексас. Куќата на Силвија е една од ретките градби кои не се погодени од поплавите. Меѓутоа, внатрешноста е нешто друго, расфрлани и уништени работи ја дочекаа во нејзиниот дом.
Одделот за контрола на поплавите проценува дека во поплавите се уништени околу 156.000 станови во Харис, или над десет отсто од објектите во близина на Крозби. Ураганот Харви зеде 37 животи.