Hakan Çopur
18 Јули 2019•Ажурирај: 19 Јули 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави „Придонесот на Турција во НАТО и соработката на НАТО со Турција е многу подлабока и посеопфатна од Ф-35. Не го омаловажувам проблемот со S-400, но како еден сојузник на НАТО, Турција е многу повеќе од S-400“, јавува Anadolu Agency (AA).
На годишната конференција за безбедност организирана од страна на Институтот Аспен во американската држава Колорадо учествуваше и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој се осврна на прашањето околу набавката на ракетниот систем за воздушна одбрана S-400x од страна на Турција.
Столтенберг истакна дека одблиску го следат процесот на набавка на рускиот ракетен систем S-400 од страна на Турција и по тоа прашање разговараат со релевантните единици, по што дададе: „Секоја земја самостојно одлучува каков систем за одбрана ќе набави.
Столтенберт истакна дека најважно за НАТО е дали (овие системи) се компатабилни со системите на НАТО.
„Системот S-400 што го набави Турција нема да биде интегриран во системот за одбрана на НАТО, бидејќи тие не се системи кои би можеле да работат заедно. Всушност Турција и не побара нешто такво“, рече Столтенберг
- „Турција беше еден интегриран дел од системот за воздушната одбрана на НАТО“
Генералниот секретар на НАТО истакна дека придонесот на Турција во НАТО и соработката на НАТО со Турција е многу подлабокаи посеопфатна од Ф-35.
„Турција е клучен сојузник во борбата против ДЕАШ. Освен тоа, Турција дава голем придонес во операциите на Балканот, Косово и во Авганистан. Како еден сојузник на НАТО, Турција е многу повеќе од S-400. Турција беше еден интегриран дел од системот за воздушната одбрана на НАТО и ќе продолжи да биде. Но загриќен сум поради точката до која дојдовме, бидејќи Турција повеќе нема да биде дел од програмата на Ф-35“.
Столтенберг рече дека Турција спроведува средби со цел да го набави ракетниот систем „Патриот“ од САД, или системот „Еуросам“, производ на италијанско-фнанцуското партнерство, истакнувајќи го значењето на тие средби.
На прашањето дали станало збор за исклучување на Турција од НАТО по набавката на ракетниот систем S-400, Столтенберг одговори: „Турција е значаен сојузник на НАТО и ниту еден сојузник ова прашање на го постави на дневен ред, бидејќи гледаме сите сме зависни еди од други“.
Столтенберг изјави дека доколку не успеат да го решат недоразбирањето кое започна со S-400, тогаш ќе се потрудат ефектот врз Алијансата да биде минимален.
Во врска со изјавата што вчера ја соопшти Белата околу набавката на S-400 од страна на Турција, и дека поради S-400, Турција повеќе нема да биде од проектот Ф-35, Столтенберг истакна „САД сѐ уште им придава големо значење на стратегиските врски со Турција. Нашите односи како сојузник на НАТО се повеќеслојни и не се врзани само за Ф-35“.
Пентагон (Министерството за одбрана на САД) претходно соопшти дека поради набавката на системот S-400, го започнала процесот за исклучување на Турција од проектот Ф-35, истакнувајќи „Заедно со ова, САД сѐ уште му придава големо значење на стратешкото партнерство со Турција“.