Servet Günerigök
27 Септември 2018•Ажурирај: 28 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, изјави дека турско-рускиот договор за воспоставување демилитаризирана зона во Идлиб е последна шанса за политичко решавање на кризата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не смееме да ја пропуштиме таа можност“, изјави Чавушоглу за АА.
Тој рече дека основната цел на договороот е да се спречи нападот на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, и да се спасат цивилите во тоа подрачје, од кое ќе бидат отстранети сите терористички елементи.
„Мирот и стабилноста во Сирија мора да се градат преку политички процес“, порача Чавушоглу.
Тој говореше за АА по средбите со рускиот и со иранскиот колега, Сергеј Лавров и Џавад Зариф, на маргините на заседавањето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.
Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин минатата недела во Сочи постигнаа договор за воспоставување демилитаризирана зона во Идлиб, кој е најголема енклава на вооружената сириска опозиција и во кој од нови напади на Асадовиот режим стравуваат речиси четири милиони цивили.