Rabia İclal Turan
25 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Ниту една земја во Европа не е погодена од тероризмот повеќе од Турција, покажува Глобалниот индекс на тероризам за 2020 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Годишниот извештај, издаден од Визијата за хуманост, иницијатива на Институтот за економија и мир со седиште во Брисел, покажа дека од 58 смртни случаи предизвикани од тероризмот во Европа во 2019 година, 40 се случиле во Турција.
„Турција останува најпогодената земја, иако исходот е подобрен поради значителното намалување на смртните случаи и на нападите во периодот од 2015 до 2019 година“, се вели во Извештајот.
Нападите во Турција чија цел се владини и полициски објекти и персонал се намалија за повеќе од 60 отсто во текот на минатата година, а нападите врз цивили пораснаа за 8 отсто.
По Турција, други најпогодени земји од тероризмот во Европа се Велика Британија, Франција, Грција, Германија, Белгија и Италија.
Во светски рамки, 10-те најпогодени земји од тероризмот се Авганистан, Ирак, Нигерија, Сирија, Сомалија, Јемен, Пакистан, Индија, Демократска Република Конго и Филипините.
Турција се најде на 18-то место на светскко ниво, Соединетите Американски Држави (САД) се на 29-то место и Велика Британија на 30-то место.