Enes Kaplan,İlhan Toprak
28 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Генералната дирекција на Anadolu Agency (AA) ги предупредува претплатниците и следбениците дека се појавија интернет-страници и профили на социјалните мрежи кои повикувајќи се на АА, шират лажни вести и информации, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението за јавноста е наведено дека станува збор за обидувања АА да се поврзе со различни манипулативни активности.
„Утврдено е дека со користење на линкот clonozone.link на интернет и на социјалните мрежи се шират вести кои не се производи на АА, а на начин како да се. Станува збор за обид на некои недобронамерни кругови кои со посредсво на тие линкови се обидуваат да ја дезинформираат јавноста. Објавената содржина на тие линкови нема никаква поврзаност со АА. Во тој контекст, започната е и правна постапка поврзана со изворите на тие манипулативни вести”, се наведува во соопштението на раководството на АА.
Во соопштението исто така е наведено дека АА своите вести ги споделува на службените канали со посредство на кориснички сервис, интернет-страницата www.aa.com.tr и верификуван профил на социјалните мрежи.