Воениот авион на коалицијата предводена од САД изврши воздушен напад врз населбата Хандура, во покраината Цараблус, Алепо. Во нападот загинаа 15 лица.
Halit Süleyman
28 Јули 2016•Ажурирано: 29 Јули 2016
Ankara
АЛЕПО (AA) - Воениот авион на коалицијата предводена од САД ја бомбардираше населбата во покраината Џараблус, Алепо, која е под контрола на ДАЕШ , јавува Anadolu Agency (AA)
Според информациите што ги доби дописникот на АА, во нападот загинале 15 цивили, а голем број биле ранети. Нападите на коалицијата предизвикале големи штети во населбата.
Минатата недела авионите на коалицијата организирале воздушни напади врз селата Тухар и Ен Неваче, во Мунбич, во кои загинале 170 цивили.