Tuğrul Çam
13 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас денес во Истанбул порача дека САД го загуби статусот посредник во израелско-палестинскиот мировен процес, и дека на оваа земја во иднина нема да ѝ биде дозволено да биде дел од тој процес, јавува Anadolu Agency (AA).
Абас зборуваше на отворањето на вонредниот самит на Организацијата за исламска соработка (OIC) во Истанбул, кој е свикан по повод одлуката на Трамп да го признае Кудс за главен град на Израел.
Палестинскиот претседател во обраќањето истакна дека без Кудс, како главен град на Палестина, нема мир и стабилност на Блискиот Исток.
Абас нагласи дека нема да се дозволи САД да бидат дел од мировниот процес.
„САД го изгуби статусот посредник во мировниот процес меѓу Израел и Палестина. Никогаш нема да дозволиме САД да биде дел од идниот мировен процес“, порача Абас.
Тој порача исто така дека Кудс останува главен град на Палестина, град во кој и понатаму ќе живеат муслиманите и христијаните.
„Мораме да ги вложиме сите напори окупираната Палестина конечно да биде признаена како држава“, изјави Абас.
Тој додаде дека во случај Кудс да не биде главен град на Палестина, нема да има мир и стабилност.