Sayed Khodaberdi Sadat
27 Февруари 2016•Ажурирај: 27 Февруари 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку 11 лица загинаа, а 40 се повредени во самоубиствен напад во провинцијата Кунар, во источниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Вахидулах Калемзај, гувернер на провинцијата Кунар во источниот Aвганистан, изјави дека бомбашот-самоубиец активирал експлозивна направа во близина на неговата канцеларија. Во нападот загинаа 11 луѓе, вклучувајќи го и лидерот на еден авганистански племе, а повредени се 40 луѓе.
Сеуште никој не ја презеде одговорноста за нападот.