Recep Şakar
07 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
МЕЛБУРН (АА) - Во австралиските држави Нов Јужен Велс и Квинсленд поради пожарите во кои се уништени 21 куќа прогласена е вондредна состојба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштенијата што ги дадоа противпожарните екипи на Нов Јужен Велс и Квинсленд се наведува дека на повеќе од 100 површини избувнале шумски пожари, а на 51 точка тие сѐ уште се активни. Во пожарите уништени се 21 кујќа, а илјадници лица се евакуирани.
Во државите во кои пожарите продолжуваат да се активни воведена е вонредна состојба, објавено е соопштение во кое се информира населението кое живее во подрачјето дека наредните 7 дена не се очекуваат врнежи од дожд.
Во соопштението се истакнува дека вонредна состојба се однесува на местата Дрејк, Бис Нест и Кобарго во државата Нов Јужен Велс и подрачјата Бина Бура, Бичмонт, Спрингбук, Витерен, долината Нуминба, Ривервју и Сараба во Квинсленд.
- На стотици пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола пожарите
Руралната противпожарна служба на Нов Јужен Велс објави соопштение во кое потсетува дека е воведена вонредна состојба поради три пожари од големиот број кои ја зафатија државата.
„Повеќе од 500 пожарникари под тешки услови се работат да ги стават под контрола пожарите, обидувајќи се да ги сочуваат домовите и работните места“, се вели во соопштението.
Премиерот на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан истакна дека пожарите кои последните неколку дена ја зафатија земјата покажува дека летото кое престои на овој контитент ќе мине тешко, посочувајќи дека очекува „застражувачка сезона на шумски пожари.“
Од друга страна, премиерката на Квинсленд, Анастасија Паласчук, истакна дека ветровите кои се активни во Квинсленд ја отежнуваат борбата со пожарите и опасноста во земјата продолжува.
„Сѐ уште не се спасивме, околината е неверојатно сува“, додаде таа.
Австралија која се наоѓа во јужната хемисфера од Земјата, во септември влегува во пролет. Нов Јужен Велс и Квинсленд зимскиот период од годината го минаа во суша, а пожарите кои рано започнаа, се очекува да се честа појава во летниот период.
Во Австралија секоја година во летниот период пожарите кои ги зафаќаат подрачјата покриени со џбуневи се причина за човечки и материјални загуби.
На 7 февруари 2019 година, државата Викторија ја зафати пожар во кој животот го загубија 173 лица, а 414 беа повредени.
Најстраотниот пожар во земјата, именуван и како „Црна сабота“, уништи површина од 450.000 хектари, а во него изгореа 3.500 кучи и работни места.