Betül Yürük
07 Септември 2019•Ажурирај: 09 Септември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Бројот на загинати коишто ги загубија животите од ураганот Доријан кој ги погоди Бахамите се искачи на 43, јавува Anadolu Agency (AA).
Спасувачките екипи 5 дена ги продолжуваат своите операции за пронаоѓање на жртвите од ураганот од 5. категорија кој ги погоди Бахамите.
Официјалните лица информираат дека досега се откриени телата на 43 лица, од кои 35 се пронајдени на островото Абакос.
Ураганот Доријан е најголем ураган кој досега ги погодил Бахамите, предизвикувајќи човечки жртви и голема материјална штета, оставајќи илјадници лица без своите домови. Властите стравуваат од можноста за зголемување на бројот на загинати.
Ураганот Доријан од источниот брег на САД напредува кон север.
Се стравува дека ураганот кој е активен во американската сојузна држава Северна Каролина, би можел да донесе поројни дождови на островото Окракок. Тоа би предизвикало подигнување на нивото на водата, поради што на стотици луѓе би останале заробени во своите домови.