Sümeyye Dilara Dinçer
17 Октомври 2022•Ажурирај: 18 Октомври 2022
КАНБЕРА - Неколку десетици илјади куќи останаа под вода откако поројни врнежи од дожд го зафатија југоисточниот дел на Австралија, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за вонредни состојби Мареј Ват информираше дека од поплавите најпогодена е државата Викторија и дека некои подрачја се соочуваат со големи водени б буици.
Ват рече дека ситуацијата во сојузната држава Викторија е многу сериозна и дека е можно под вода да се околу 34.000 куќи.
На илјадници луѓе во југоисточниот дел на земјата се евакуирани, а одложена е и наставата во училиштата.
Тим Вибуш, претставник на Службата за вонредни состојби, изјави дека постои можност поради прелевањето на реката Кампаспе, под вода да се 85% од местото Рочестер.
Во изминатите неколку недели поплавите во Викторија и Нов Јужен Велс одзедоа два животи, а две лица се водат за исчезнати.