Servet Günerigök,Dildar Baykan Atalay
17 Октомври 2022•Ажурирај: 19 Октомври 2022
ВАШИНГТОН (АА) - На специјалниот фестивал што се одржа во неделата во Вашингтон, главниот град на Соединетите Американски Држави (САД), бројните посетители имаа можност да ја пробаат турска храна, како и да се запознаат со традициите и културата на Република Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фестивалот, во рамките на месецот на турското наследство (октомври), беше организиран по 20-ти пат во Вашингтон од страна на Американско-турска асоцијација (ATA-DC) на авенијата Пенсилванија.
Членовите на турско-американската заедница и другите посетители од околината уживаа во разновидната храна, музичките изведби, како и во вкусот на турското кафе со „гледање во филџан“, односно гатање од останатиот талог на дното испиеното кафе, што е со векови стара традиција во Туркије.

На штандовите беа изложени производи кои ја рефлектираат отоманско-турската култура, вклучувајќи и рачно ткаени теписи и традиционална облека.
Дениз Тај, која го посети фестивалот со своето семејство, рече дека првпат го посетува настанот.
„Фестивалот ни се допадна, очигледно е дека е вложено многу труд за ова и дознав дека овогодинешниот настан се одржува по 20-ти пат“, изјави таа за АА, заблагодарувајќи им се на организаторите бидејќи им пружиле можност да ја запознаат турската култура.

Мерве, волонтерката на фестивалот, рече дека со задоволство учествува на настан кој „ја промовира културата“.
„Културата е за споделување. Во моментов ја споделуваме. Затоа сум толку среќна и возбудена“, додаде Мерве, која живее во Мериленд.
Друга волонтерка Хазал рече дека имала можност да им ја претстави турската култура на посетителите и да се запознае со Турците кои живеат на овие простори.
