Betül Yürük
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ЊУЈОРК (АА) - Белата куќа наводно побарала да бидат испратени 10.000 војници во Вашингтон поради протестите што започнаа по полициското насилство врз Афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Си-ен-ен“ во веста што ја базира на висок претставник од одбраната, наведува дека администрацијата на Трамп побарала 10.000 војници да интервенираат во протестите во Вашингтон, но државниот секретар за одбрана Марк Еспер и началникот на Генералштабот Марк Мили се спротивставиле на употребата на Армијата.
Во веста се вели дека Еспер испратил околу 1.600 војници во Вашингтон, но помошта на војниците не била потребна за главниот град, во кој имало 5.000 припадници на Националната гарда. Затоа од минатиот четврток почнале да се враќаат назад.
Исто така во веста се наведува дека во „тензичниот“ разговор со Трамп, началникот на Генералштабот, Марк Мили, истакнал дека „апсолутно нема никаква потреба од војници во Вашингтон“.