Halit Süleyman
16 Јули 2016•Ажурирај: 17 Јули 2016
АЛЕПО (АА) - Во нападот на авионите и хеликоптерите на режимските сили на сирискиот претседател Башар ал Асад во Алепо, загинаа 25 лица додека 60 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот со барел и вакуум бомби е извршен врз три населби во Алепо. Официјално лице од Цивилната одбрана на Алепо, Ибрахим Ебу Лејс, изјави дека авионите и хеликоптерите на режимските сили ги нападнале населбите Фирдевс, Маади и Магајер, кои се наоѓаат под контрола на опозицијата.
Во нападот загинаа 25 цивили, меѓу кои се наоѓаат жени и деца. Се спроведуваат акции на спасување и извлекување на заробените во урнатините на објектите на кои е извршен нападот. Ебу Лејс истакна дека врз населбите на северниот дел на Алепо, хеликоптерите фрлале барел бомби, а авионите вакуум бомби.
„Силите на Асад отворија оган врз екипите на Цивилната заштита кои дојдоа на местото на настанот. Повредените се пренесени во болниците на периферијата, кои се наоѓаат на подрачјата под контрола на опозицијата”, истакна Ебу Лејс.