Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout
03 Ноември 2023•Ажурирај: 04 Ноември 2023
КУДС (АА) - Беспилотни летала на САД на небото над Појасот Газа се во потрага по заробениците што ги држат палестинските групи, соопшти израелската радиодифузна управа, пренесува Анадолу.
Властите не наведоа дополнителни детали, но израелскиот Канал 12 објави дека американската армија на небото над Појасот Газа користела невооружени дронови МКу-9 Репер, како дел од напорите за собирање разузнавачки информации за состојбата и локацијата на заложниците.
Според САД, најмалку 10 од израелските заробеници во Појасот Газа имаат американско државјанство.
Во четвртокот, израелската армија соопшти дека 242 Израелци се заробени од палестинските фракции во Газа од 7 октомври.