Ekipa
24 Септември 2017•Ажурирај: 25 Септември 2017
СЕУЛ (АА) - Бомбардери на САД прелетаа во близина на брегот на Северна Кореја, најблиску од кога и да е претходно овој век, објави портпаролката на Пентагон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вестите стигнаа до Јужна Кореја рано утринава откако бомбардерите „B-1B Lancer“ на американските воздухопловни сили и воените авиони „F-15C“ прелетаа покрај источниот брег на Северна Кореја, во услови на ескалациски закани од двете страни.
„Ова е најоддалечениот север од Демилитаризираната зона (ДМЗ), каде што американски воен авион или бомбардери имаат прелетано крај брегот на Северна Кореја во 21. век, истакнувајќи ја сериозноста со којашто го гледаме несовесното однесување (на Северна Кореја)“, изјави портпаролката на Пентагон, Дана Вајт.
Кабинетот на претсдедателот на Јужна Кореја денес соопшти дека Сеул бил вклучен во распоредувањето во американските бази во Гуам и Окинава и дека ова се најефикасните контрамерки против унапредувањето на нуклеарната и ракетна програма на Северна Кореја, јави новинската агенција „Јонап“.
Севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ри Јон Хо, во своето обраќање на Генералното собрание на Обединетите нации вчера во Њујорк, рече дека неговата земја е подготвена да преземе „безмилосна превентивна акција“ доколку САД се подготвуваат за напад.
Пјонгјанг и Вашингтон ја ескалираа својата војна со зборови откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека „целосно ќе ја уништи“ Северна Кореја.
Државната новинска агенција „KCNA“ (КЦНА), исто така, во неделата извести за огромен антиамерикански митинг во Пјонгјанг, на кој учествувале 100.000 луѓе.