Kasım İleri
26 Август 2021•Ажурирај: 27 Август 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Командантот на Централната команда на Соединетите Американски Држави (ЦЕНТКОМ) генерал Кенет Мекензи изјави дека 12 американски војници загинале, а 15 се ранети во терористичкиот напад во близина на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мекензи, кој по повод терористичките напади во Кабул одржа прес-конференција, преку видеоконференција во американското Министерство за одбрана (Пентагон), рече дека во нападот загинале и американски војници.
„Во моментов знаеме дека во нападот загинале 12 американски војници, а 15 војници се ранети“, рече Мекензи, потоа говореше за нападот на влезот на аеродромот во „Аби“.
„Напаѓачите на ИСИС отворија оган со оружје врз цивилите и војниците по бомбашкиот напади“, рече тој.
Напоменувајќи дека продолжува опсежната истрага за загубите во нападите, американскиот командант рече дека ќе се продолжи со активностите за евакуација во Кабул и покрај нападите.
Тој истакна дека над 1.000 американски државјани сè уште се во Авганистан.
Мекензи рече дека над Кабул моментално патролираат јуришните хеликоптери Апачи, беспилотните летала МКју-9 Рипер, воените авиони Ф-15 и авиони АЦ-13
Напоменувајќи дека мислат дека ДЕАШ е подготвен да продолжи со ваквите напади и дека преземаат соодветни мерки за претпазливост, Мекензи рече дека разговарале со талибанците, кои ја осигуруваат безбедноста надвор од аеродромот.
Истакна дека разменувале разузнавачки информации со талибанците од 14 август.
На прашањето дали талибанците ги дозволиле тие напади, Мекензи рече „не постои ништо што би ме убедило дека дозволиле тоа да се случи“.
Американскиот командант изјави дека талибанците чекаат американските војници да се повлечат за да го преземат аеродромот, додавајќи дека нема смисла талибанците да би извршиле еден таков напад.