Yasin Yorgancı
25 Јуни 2025•Ажурирај: 26 Јуни 2025
АНКАРА (АА) - Трамп сподели видео за употребата на авиони Б-2 во американскиот напад врз Иран на својот профил на социјалната платформа Трут социјал, известува Анадолу.
Во објавата се дадени разни кадри на бомбардери Б-2, а во заднина на видеото оди песната „Бомбардирајте го Иран“ од Винс Венс и Валијантс, објавена во 1980 година.
Во песната, покрај зборовите: „Бомбардирајте го Иран. Ајде да заземеме став. Бомбардирајте го Иран. Нашата земја има чувство. Гневот навистина го достигна својот врв, бомбардирајте го Иран“, има и изјави како: „Кажете му на ајатолахот: ‘Тебе ќе те ставиме во ковчег’!“
На 21 јуни американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американските авиони Б-2 извршиле воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки во Фордо, Натанс и Исфахан, тврдејќи дека во нападите „целосно и потполно ги уништиле“ иранските постројки за збогатување на ураниум.