Canberk Yüksel
09 Февруари 2017•Ажурирај: 10 Февруари 2017
ЊУЈОРК (АА) - По неколкунеделно дебатирање, американскиот Сенат го потврди изборот на Џеф Сешнс за главен правобранител на САД (министер за правда), јавува Anadolu Agency (AA).
Сенатот, во кој тесно мнозинство имаат републиканците, гласаше со 52 гласа за и 47 против во однос на предлогот на претседателот Доналд Трамп за главниот правник во државата.
Сешнс доби анонимна поддршка од републиканците и поддршка на демократот Џо Манчин.
Назначениот главен правобранител зад себе има долга кариера во јавната служба што вклучува и дведецениско искуство како сенатор на Алабама.
Поранешниот кандидат за потпретседател Тим Кејн, кој исто така е сенатор, истакна дека рекордните гласови предизвикале сомневање дали Сешнс ќе биде заштитник на оние на кои најмногу им е потребно тоа.
„Јавниот правобранител мора да биде моќен и стабилен за владеењето на правдата, дури и ако таа е против оној што го номинирал“, рече Кејн.
Претставникот на мнозинството во Сенатот, Мич Мекконел го окарактеризира Сешнс како чесен, отворен и како пријател на многумина од републиканците и од демократите.
Во 1986 година, номинацијата на Сешнс за федерален судија во администрацијата на Роналд Реган е одбиена од страна на комитетот на Сенатот поради неговата „расна нечувствителност“, поврзувајќи се со наводите дека е симпатизер на движењето ККК (Ku Klux Klan), и дека одредени групи за граѓански права ги нарекол „неамерикански“.
Сешнс тогаш категорично ги одби наводите и истакна дека никогаш немал лоши мислења во врска со одредена раса.
„Длабоко ја разбирам историјата на ѓраѓанските права... и ужасното влијание на немилосрдната и систематска дискриминација и непризнавањето на правото на глас наметнато врз нашите афроамерикански браќа и сестри“, рече Сешнс за време на сослушувањето за одобрување на номинацијата.
Сешнс исто така вети дека нема да се меша во каква било политички поднесена тужба против поранешната кандидатка за претседател, Хилари Клинтон, во однос на нејзиното користење на приватната електронска пошта за време на мандатот како државен секретар од 2009-2013 година.
Сешнс ја презема функцијата една недела откако главниот правобраниел Сали Јејтс беше отстранетa од функција од страна на Трамп, поради тоа што одби да ја брани неговата извршна наредба за запирање на американската програма за бегалците и за забраната на влез на државјаните на седум претежно муслимански земји во САД.