Servet Günerigök
07 Февруари 2020•Ажурирај: 08 Февруари 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Војската на Соединетите Американски Држави (САД) го уби водачот на терористичката организација Ал Каеда во Јемен, Касим ал Рими, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Соединетите Американски Држави (САД) изведоа антитерористичка операција во Јемен во која успешно е елиминиран Касим ал Рими, основачот и водач на Ал Каeда на Арапскиот Полуостров и првиот заменик на водачот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири“, се наведува во соопштението кое го објави Белата куќа.
Во соопштението се наведува дека Ал Рими е одговорен за терористички напади врз цивили и врз американските воени сили на Арапскиот Полуостров.
„Убиството на Ал Рими додатно ја сруши Ал Каеда и глобалното движење на Ал Каеда, и нè доведе до чекор поблиску до елиминација на заканата која таа група ја претставува за нашата национална безбедност“, се наведува во соопштението.
Од Белата куќа исто така тврдат дека САД, нивните интереси и нивните сојузници се сигурни во светот без Ал Рими.