Ethem Emre Özcan,Ömer Koparan,Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
30 Ноември 2024•Ажурирај: 01 Декември 2024
ХАМА (АА) - Антирежимските вооружени групи во Сирија, по провинциите Алепо и Идлиб, се упатија кон провинцијата Хама, која е под контрола на силите на режимот на Башар Ал Асад, известува Анадолу.
Антирежимските групи, кои веќе 4 дена се судираат со силите на режимот на Асад, продолжуваат да напредуваат во Сирија.
Вооружените групи, кои од силите на Режимот презедоа голем дел од центарот на градот Алепо и целата провинција Идлиб, напредуваат кон провинцијата Хама, јужно од Идлиб која е под контрола на режимот.
Вооружени групи, исто така, од силите на режимот го зазеле квартот Морик, еден од најважните области на Хама, на автопатот М5.
Вооружените групи кои се борат со режимските сили се наоѓаат на приближно 20 километри од центарот на областа Хама.
- Што се случи?
На 27 ноември избувна конфликт меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските вооружени групи во западниот дел на Алепо во северна Сирија.
Антирежимските вооружени групи, кои брзо напредуваа од областа на западниот дел на Алепо кон центарот на 27 и 28 ноември, зазедоа многу области во Идлиб.
Вооружените групи го зазедоа Хан Шејхун во вечерните часови и ја презедоа контролата низ Идлиб.