Ekipa
26 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Сирискиот претседател Башар ал Асад вчера за првпат пристигна во иранскиот главен град во рамките на неговата најавена посета уште од почетокот на 2011 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција САНА објави дека Асад одржал разговори со иранскиот претседател Хасан Рохани и врховниот лидер Али Хаменеи.
Според наводите, Рохани и Асад изразиле задоволство за стратешкото ниво постигнато од односите.
Иран го поддржуваше режимот на Асад политички и воено против опозициските сили во земјата зафатена со војна.
Рохани го извести Асад за неодамнешниот трилатерален Самит за Сирија меѓу турскиот, рускиот и иранскиот лидер, кој беше одржан во рускиот град Сочи, претходно овој месец.
„За време на неговиот состанок со Хаменеи, Асад му ja честитал 40. годишнина од Иранската исламска револуција и дискутирале за регионалниот развој“, објави САНА.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.
Ова доведе до воен конфликт меѓу сириските опозициски трупи и режимот за територијата.
Иран го поддржува режимот на Асад, додека Русија се вмеша во септември 2015 година.
Мировните преговори започнаа во Женева во 2012 година, со цел пронаоѓање на политичко решение за конфликтот, додека во 2017 година започнаа разговорите во Астана, со цел преговарање за прекин на огнот. Стотици илјади цивили се убиени во конфликтот, главно од страна на режимските воздушни напади насочени кон областите под контрола на опозицијата, додека милиони се раселени.
За време на конфликтот, режимот на Асад повеќепати беше обвинет од страна на многу меѓународни актери дека нападите со хемиско оружје биле насочени кон сириските цивили.