Furkan Naci Top
04 Ноември 2016•Ажурирај: 05 Ноември 2016
АТИНА (АА) - Грчката полиција во Атина уапси група радикални десничари кои го блокираа земјиштето предвидено за изградба на џамија, и на тој начин беа завршени демонстрациите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од полициската управа во Атина се вели дека биле уапсени 15 луѓе во акцијата спроведена во утринските часови на градежното земјиште во Вотаникос.
Откако било расчистено, засилено е и обезбедувањето на земјиштето. Идентитетот на уапсените сѐ уште не е познат.
Изградбата на џамија со години беше оневозможена поради правни и бирократски причини. Откако грчкиот Парламент го одобри нацрт-законот за изградба на џамијата, направен е значителен напредок. Сепак, група радикални десничари повеќе од три месеци го држеа земјиштето под блокада.