Hakan Çopur
23 Март 2022•Ажурирај: 24 Март 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека можноста Русија да употреби хемиско оружје во Украина е вистинска закана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пред да замине за Брисел на Самитот со лидерите на НАТО и ЕУ, Бајден одговараше на прашањата на новинарите во градината на Белата куќа.
На прашањето колку е загрижен во врска со можноста Русија да употреби хемиско оружје во Украина, Џо Бајден нагласи: „Мислам дека тоа е вистинска закана.“
Американскиот претседател ќе присуствува на Самитот на НАТО во Брисел, а ќе присуствува и на самитите на Г7 и на ЕУ на кои ќе се разговара какви чекори ќе преземе Западот против Русија.
Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, најави дека за време на разговорите ќе биде објавен нов пакет санкции против Русија.