Ekip
01 Февруари 2021•Ажурирај: 01 Февруари 2021
БРИСЕЛ
Во Брисел граѓаните се собраа за да го искажат нездоволството поради владините мерки воведени со цел спречување на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Белгиската влада не го одобри одржувањето на протестите, а поради тоа на улиците беа распоредени силни полициски сили.
Од почетокот на пандемијата во Белгија, една од најпогодените земји во Европа, забележани се преку 700.000 случаи на коронавирусот и повеќе од 21.000 смртни случаи.