Ekip
01 Февруари 2021•Ажурирај: 01 Февруари 2021
ВИЕНА
Во австрискиот главен град Виена граѓаните се собраа и одржаа протест против владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на протестите дојде до судири помеѓу полицијата и демонстрантите.
Во Австрија досега се регистрирани 413.208 случаи на заразување со коронавирусот, додека од последиците од коронавирусот починаа 7.703 лица, според податоците објавени од американскиот универзитет "Џон Хопкинс".