Bedrudin Brljavac
11 Јули 2023•Ажурирај: 13 Јули 2023
БРИСЕЛ (АА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави порака по повод 28-годишнината од геноцидот во Сребреница, пренесува Анадолу.
„На 28-годишнината од геноцидот во Сребреница ние ги почитуваме сите жртви и стоиме со народот на Босна и Херцеговина во континуираната потрага по правда за жртвите и нивните најблиски“, напиша Блинкен на својот профил на Твитер.
На гробиштата во Меморијалниот центар во Сребреница - Поточари денес се одржа погребна молитва за 30 жртви на геноцидот извршен во летото 1995 година на подрачјето на Сребреница.