Ömer Koparan
03 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
АЗАЗ (АА) - Еден цивил загина, а 11 се повредени во експлозија на бомба поставена на мотоцикл во областа Азаз во северната сириска покраина Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Во подрачјето на Азаз, кој се наоѓа на територија на Сирија, спроти пограничниот турски град Килис, експлодирала бомба поставена на мотоцикл.
Во експлозијата, според првичните информации, загинал еден цивил, додека 11 се повредени.
Од експлозијата оштетени се околните продавници, а екипите на Цивилната одбрана интервенирале за ставање на пожарот под контрола.
Безбедносните сили кои пристигнаа на местото на настанот презедоа безбедносни мерки. Ранетите се упатени во болниците во регионот.
И во подрачјето на Чобанбеј, кој се граничи со Турција, експлодирала бомба поставена на мотоцикл. Нема загинати, ниту повредени лица.
Безбедносните единици потенцираат дека е можно нападите да се организирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, инфилтрирана во регионот, одвреме-навреме во населените места организира напади врз цивилното население.