İnci Gündağ
07 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
ЛОНДОН (АА) - Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад е одговорен за убиството на голем број луѓе и дека Асад нема политичка иднина, јавува Anadolu Agency (AA).
Амнести интернешнал (АИ) денеска објави извештај со наслов „Сириската кланица: Масовни егзекуции во сирискиот затвор „Сајданаја“, во кој се наведува дека сирискиот режим од септември 2011 година до крајот на 2015 година, без судење во затворот во Дамаск убил меѓу 5.000 и 13.000 затвореници, претежно цивили.
Шефот на британската дипломатија, Џонсон, преку социјалната мрежа „Твитер“ реагира на овие податоци и изрази згрозеност од бруталните убиства.
„Асад е одговорен за смртта на многу луѓе и нема иднина како лидер“, рече Џонсон.