Muhammet Kurşun
02 Јуни 2021•Ажурирај: 02 Јуни 2021
ТЕХЕРАН
Воениот брод „Харк“, кој припаѓа на Иранската морнарица, потона во Арапското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Се наведува дека избувнал пожар на воениот брод додека пловел во близина на пристаништето Џаск во провинцијата Хормузган.
Исто така се додава дека бродот целосно потонал откако напорите за спасување, кои траеја околу 20 часа, не завршија успешно.
Иранската армија информира дека целиот екипаж на бродот е спасен и дека сѐ уште не е утврдена причината за пожарот.
Се истакнува дека воениот брод „Харк“ е во Иранската морнарица 40 години и дека е најголем брод во однос на тонажата.