Muhammet Kurşun
02 Јуни 2021•Ажурирај: 03 Јуни 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека на тековните состаноци во Виена, главниот град на Австрија, „темелното прашање со Соединети Американски Држави (САД) е решено“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата по состанокот на Владиниот кабинет одржан во главниот град Техеран, Рохани се осврна на тековните преговори за договорот за нуклеарната програма во Виена.
Истакнувајќи дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп десетици пати барал преговори и го испратил јапонскиот премиер да посредува, Рохани рече: „Не се сеќавам дека во историјата САД биле толку многу поразени од Иран. Ако преговорите во Виена напредуваат добро, тоа е затоа што сме трпеливи. Гледаме дека темелното прашање со САД е решено. Трамп десетици пати бараше преговори.“
Осврнувајќи се на претседателските избори што треба да се одржат на 18 јуни во Иран, Рохани истакна дека едно од најважните достигнувања на револуцијата е гласачката кутија.
„Изборите и гласачките кутии се нашето најважно прашање. На некои не им се допаѓа зборот референдум, но нашиот режим започна со референдум. Режимот на Исламската Република Иран беше одобрен со референдум“, нагласи Рохани.