Betül Yürük
04 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Бројот на жртви во ураганот Доријан што ги погоди Бахамите се искачи на седум, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ураганот од 5. категорија што ги погоди Бахамите во Атлантскиот Океан предизвика загуба на човечки животи и голема материјална штета.
На Бахамите работите за пребарување и спасување на луѓето продолжуваат. Официјалните лица на Бахамите истакнаа дека бројката од пет загинати лица која беше претходно соопштена, се искачи на седум.
Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис, изјави дека се оштетени околу 60 проценти од објектите околу пристаништето Марш.
Ураганот Доријан е евидентиран како најмоќниот ураган што го зафати регионот досега.
- Ураганот напредува кон САД -
Ураганот, кој падна во 2. категорија, се движи кон државите Флорида, Јужна и Северна Каролина на источната страна на Соединетите Американски Држави.
Американскиот национален центар за урагани предупредува дека ураганот Доријан, чија брзина се намали на 177 километри на час, сѐ уште е закана и може да предизвика поплави.
- АА ги следи подготовките на самото место -
Дописникот на Anadolu Agency (AA) ги следи подготовките во сојузните држави во САД кон кои ураганот напредува.
Дописникот на АА пристигна до државата Јужна Каролина, а од неговите инсерти може да се види како во областа Чарлстон прозорците и вратите на јавните згради се затворени со иверици.
За време на ураганот, Агенцијата Анадолија ќе се приклучи во живо од многу држави, особено од Флорида, и ќе обезбеди инстант фотографии и инсерти.